Џафери – Алтхаузер: Поддршка од Германија за македонските евроинтеграции

Од:

Пред новиот собраниски состав стојат многу важни задачи, а функцијата претседател на Собранието има клучна улога, порача амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Алтхаузер на денешната средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Германија, рече амбасадорката, продолжува со континуираната поддршка на патот на Република Македонија кон евроатлантските интеграции. По одржувањето на германските парламентарни избори, се очекува и интензивирање на контактите меѓу пратениците на двете држави, на ниво на групи за соработка и работни тела.

Џафери се заблагодари за поддршката, ја информираше Алтхаузер за тековните собраниски активности и истакна дека активностите во следниот период ќе бидат фокусирани на подигнување на рејтингот на Собранието како вистински сервис на граѓаните и на отвореноста на институцијата.

На крајот на средбата, амбасадорката истакна дека и по завршувањето на нејзиниот мандат, ќе продолжи со голем интерес да ги следи случувањата во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Баварскиот премиер бара укинување на социјалната помош за Украинците во Германија

Горан Наумовски

Драма во хемиски парк во Германија: Истече отров, има голем број повредени

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Пентагон го откажува планот за испраќање ракети „Томахавк“ во Германија

Германија го повикува Путин на преговори

Вагенкнехт: Германија затвора очи пред нацистичкиот култ во Украина