А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ бара сите политички партии во Македонија да се однесуваат одговорно

by А1он20/12/2012 - 11:00401
Share0

Европската унија ги повикува сите политички партии во Македонија да се однесуваат одговорно и главна цел на агендата да им бидат реформите со кои ќе овозможат Европската комисија да донесе позитивен извештај напролет. Ова е официјалниот став на официјален Брисел во врска со политичката криза во нашата земја предизвикана од блокирањето на донесувањето на буџетот за 2013 година, што го прави опозицијата во македонското Собрание, пренесува дописникот на МИА од европската престолнина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од Комисијата, исто така, ја искоментираа и заканата на опозицијата дека нема да учествува на локалните избори напролет, порачаувајќи дека Македонија има добро досие за одржани избори во последно време и дека очекуваат сите партии да придонесат изборите во 2013 година да се спроведат на транспарентнен начин.

– Она што ние постојано го нагласуваме и што беше неодамна повторено од страна на ЕУ во заклучоците на Европскиот Совет е дека вашата земја треба да ја фокусира целата енергија и напори и да испорача резултати со што ќе и се овозможи на Комисијата да даде позитивен извештај за прашањата што се во фокусот, како реформите и слично, а што потоа ќе им овозможи на земјите-членки да донесат позитивна одлука за отворање на пристапните преговори со ПЈР Македонија, истакна Петер Стано, портпарол на ЕК задолжен за секторот проширување на Унијата, додавајќи дека „ова треба да биде главната цел на политичката агенда на земјата!“.

Гласноговорникот на Комисијата повторува дека ЕК не ги коментира позициите на различните политички актери, ниту шпекулира што би можело да се случи ако, но потсети дека за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите треба да придонесат сите политички актери во земјата.

Следете a1on на Youtube YouTube

А, Стано го пренесе ставот на ЕУ и во врска со заканата за можна апстиненција на опозицијата од локалните избори. – Сите политички партии имаат одговорност да обезбедат локалните избори во пролетта 2013 година да се спроведени на отворен, плуралистички и транспарентен начин, дециден е Стано.

Според портпаролот на Комисијата, ЕК и земјите-членки гледаат на изборите кај сите аспиранти и кандидати за членство како на една од потребните мерки за напредок.

– Македонија има добро досие во последно време во одржувањето на изборите и напредок во изборните реформи. Затоа, ние очекуваме локалните избори во март да забележат натамошен напредок, дециден е гласноговорникот на Комисијата.

eupartii

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Горан Наумовски04/11/2026 - 22:19

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Горан Наумовски03/11/2026 - 14:12

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он28/10/2026 - 16:09

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Горан Наумовски28/10/2026 - 14:05

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски28/10/2026 - 07:0528/10/2026 - 07:05

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Горан Наумовски27/10/2026 - 21:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео