ВМРО-НП: Средбата Заев-Борисов е нова можност за унапредувањето на добрососедските односи

Од:

„ВМРО-Народна партија ја поздравува вчерашната средба на премиерот на Р.Македонија Зоран Заев со премиерот на Р. Бугарија Бојко Борисов. Овој чекор претставува нова можност кон унапредувањето и развојот на добрососедските односи помеѓу двете држави, а со тоа и обновување на заложбите за интеграција на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

Очекуваме, Бугарија како земја членка на Европската унија со најголема искористеност на ЕУ фондовите, со своето искуство и поддршката за Република Македонија да придонесе кон наша побрза реализација на интегративниот процес како идна земја членка.

Со ваквиот развој на настаните се врти нов лист во балканската политика кон целосна европеизација на Балканот.

ВМРО-Народна партија со своето делување на политичката сцена, секогаш била поддржувач и со своите политики се залагала за брза Евро-атлантска интеграција на Република Македонија и одржување на добрососедски односи со сите држави од регионот.

Истовремено жалиме што ВМРО-ДПМНЕ ова не го направи многу порано, имајќи можност додека долго време ја водеше државата, туку не оддалечи од европските соседи – Бугарија и Грција. ВМРО-ДПМНЕ за целиот период имаше игнорантскиот однос кон Република Бугарија несакајќи да ги продолжи воспоставените практики и да ги искористи можностите што ги овозможува Бугарија како земја членка на ЕУ. Таа беше главен кочничар како на добрососедските односи така и кон процесот на приближување на Македонија кон ЕУ и членството во НАТО.

ВМРО-Народна партија смета дека ваквиот чин е добар пример за нормализирање на добрососедските односи и со останатите соседи кои се од круцијално значење за Евро-атлантскиот пат на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било