Примопредавање на должноста директор на УЈП

Од:

По повод примопредавањето на должноста, денеска беше остварена средба помеѓу новата директорка на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и досегашната Анастасија Илиеска.

На средбата, како што соопшти УЈП, се разговарало за тековните проблеми, предизвиците на даночната администрација, модернизацијата и даночните реформи.

– Да се биде директор на УЈП е предизвик за секој даночник. Со моето долгогодишно искуство во УЈП, функцијата на прв даночник и да се управува со даночната администрација е голема одговорност, особено ако се земе предвид дека станува збор за институција која истовремено треба да обезбеди праведно и ефикасно собирање на даноците, но и да го сервисира стопанството и да обезбеди висок квалитет на услуги за сите граѓани, изјави Лукаревска

Таа потенцира дека нејзиното делување и посветеност ќе биде во насока на натамошно остварување на мисијата и визијата на Управата, но и кон нов квалитет на даночните реформи засновани на зголемување на транспарентноста, активна и неселективна борба против неплаќачите на данок, поедноставување на постапките за пријавување и плаќање на даноците и унапредување на професијата даночник.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет