Се зголемува бројот на жртвите од студот во Украина

Од:

Студениот бран во Украина ги однесе животите на 61 лице, откако температурите овој месец достигнаа минус 23 степени Целзиусови.

Претставник на украинското Министерство за здравство истакна дека 43 лица починале од студ на улица, деветмина биле пронајдени мртви во нивните домови, а уште девет починале во болница.

Снежната покривка во земјата достигна околу половина метар, а температурите вечерва би можеле да се спуштат до минус 28 степени во северниот, централниот и источниот дел на Украина, прогнозираат синоптичарите.

Во февруари оваа година, кога земјата со 45 милиони население ја преживеа најстудената зима во последните шест години, повеќе од 130 луѓе починаа од студ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Европа уште се бори со поплавите, најмалку 17 мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

ВИДЕО: Пукна брана на границата меѓу Полска и Чешка, евакуација на населението

ВИДЕО: Се повеќе мртви од поплавите низ Европа, објавени снимки од драматични спасувања