А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев на средба со Борисов во Владата во Софија

by А1он20/06/2017 - 10:3820/06/2017 - 11:05270
Share0

Во зградата на Министерскиот совет на Бугарија почна средбата на премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов. На средбата се очекува Заев да побара поддршка од Бугарија како иден претседавач со ЕУ поддршка на патот за членство на Македонија во Унијата и во НАТО. Ќе стане збор и за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова е втора посета на премиерот Заев по формирањето на новата Влада. Првата дестинација беше во Брисел.

Македонскиот премиер, најавувајќи ја посетата на Бугарија, деновиве во повеќе наврати истакна дека од Софија која од 1 јануари следната година го презема претседавањето со ЕУ, очекува добра соработка и поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија. Посетите на Брисел и на соседните земји, вели Заев, значат засилена активност со помош на пријателите од ЕУ и од соседите да се придвижи Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ.

– Стратешки определби на Република Македонија се интеграциите во Европската унија и НАТО. Остварувањето на овие цели значат долгорочна стабилност и безбедност за граѓаните на Македонија, но и за целиот регион. Затоа, поддршката од соседите е од големо значење, а ние како одговорна Влада сме подготвени да бидеме активен дел од значајните добрососедски и интегративни процеси, е ставот со којшто е дојден премиерот Заев на официјалните средби во Бугарија.

Следете a1on на Youtube YouTube

И бугарскиот премиер Бојко Борисов, по изборот на новата македонска Влада, изрази уверување дека Софија и Скопје ќе работат за зацврстување на добрососедските односи и за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Покрај тет-а-тет средбата на двајцата премиери, јави известувачот на МИА, предвидени се и пленарни разговори на делегациите во чиј состав од македонска страна се и вицепремиерот Бујар Османи, министрите за надворешни работи Никола Димитров, за транспорт и врски Горан Сугарески и за култура Робeрт Алаѓозовски. Во бугарската делегација, пак, ќе бидат и вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева, како и министрите за култура и за транспорт и информациски технологии и комуникации, Боил Банов и Иваило Московски.

Попладне, премиерот Заев ќе има средби со претседателот на Република Бугарија Румен Радев и со претседателот на Собранието на Димитар Главчев.

Покрај политичкиот дел, во рамки на официјалната посета, Заев утре во Софија ќе има и повеќе економски средби меѓу кои и со бугарската министерка за енергетика на Теменушка Петкова, на која ќе присуствува и министерот Сугарески.

Предвидени се и одделни средби меѓу министрите од Република Македонија и нивните колеги од Бугарија.

bugarijavladaZaev

Би можело да ве интересира

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он12/09/2026 - 10:35

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он08/09/2026 - 17:2408/09/2026 - 17:37

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео