Комплетирана првата фаза на Европското првенство за кошаркарки

Од:

Со одигрувањето на натпреварите од 3.коло синоќа беше комплетирана првата фаза од Европското првенство за кошаркарки што се одржува во Чешка.

Првопласираните селекции во групите се пласираа во четвртфиналето, додека четвртопласираните селекции го завршија натпреварувањето (Чешка, Белорусија, Словенија и Црна Гора).

Репрезентациите што се пласираа на второто и третото место ќе играат меѓу себе во осминафиналето.

Резултати 3.коло:

А група: Унгарија – Украина 72:84 и Чешка – Шпанија 67:63.
Табела: Шпанија 5 бодови, Украина 5, Унгарија 4, Чешка 4.

Б група: Белорусија – Турција 74:88 и Словачка – Италија 61:68.
Табела: Турција 6, Италија 5, Словачка 4, Белорусија 3.

Ц група: Србија – Словенија 88:69 и Франција – Грција 70:63.
Табела: Франција 6, Грција 4, Србија 4, Словенија 4.

Д група: Летонија – Белгија 58:62 и Црна Гора – Русија 54:78.
Табела: Белгија 6, Русија 5, Летонија 4, Црна Гора 3.

Во осминафиналето денеска ќе играат:
Србија – Летонија,
Италија – Унгарија,
Русија – Грција и
Украина – Словачка.

Пласман во четвртфиналето обезбедија: Франција, Турција, Белгија и Шпанија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ