Заврши реконструкцијата на мостот кај кумановското село Долно Којнаре

Од:

Заврши реконструкцијата на мостот во селото Долно Којнаре во Куманово, која се реализираше со средства преку ИПА фондот и со средства од општинскиот буџет на општината.

За реконструкцијата се одвоени 4,6 милиони денари преку ИПА фондовите, втора компонента и два милиони и 900.000 денари од буџетот на општина Куманово. Мостот го користат жителите на ова село, но и учениците од средното земјоделско училишта „Киро Бурназ“, како и посетителите на добиточниот пазар, со кој стопанисува ЈП „Пазаришта“.

– Извршена е комплетна реконструкција, променети се темелни греди, извршено е проширување, направено по сите стандарди за нормален проток бидејќи беше тесно грло за учениците, и на некој начин го решивме проблемот кој е децениски за градот, а пред се за средното училиште „Киро Бурназ“. Мислам дека ова е еден од виталните објекти за Долно Којнаре и за јавното претпријатие „Пазаришта“, изјави Дамјановски.

Проектот започна да се реализира минатата година. Дамјановски најави дека дел од површината кај добиточниот пазар ќе се урбанизира и ќе се намени за паркинг простор, со што ќе се реши сообраќајниот метеж на ова место во деновите од викендот кога има голема посетеност на овој пазар.

Градоначалникот на Куманово го посети и средното стручно училиште „Киро Бурназ“ каде што е завршен проектот за партерно уредување на училиштето. Околу 950.000 денари се одвоени од општинскиот буџет за новата ограда на училиштето и 700.000 денари за платото пред објектот. Училиштето е едно од најстарите училишта во Куманово.

– Последните неколку години навистина работиме на подобрување на имиџот на нашето училиште, кој покрај кавлиететна настава, треба да понуди и соодветно инфраструктурно уредување.Училиштето е изградено 1945 година, информираше директорката на училиштето, Весна Трајковска, која изрази благодарност до локалната власт за обезбедените средства за поставување ограда и уредување на приодот на училиштето

Дамјановски најави дека во наредниот период руинираната зграда на интернатот во Долно Којнаре ќе се реновира и трансформира во Дневен центар за лица со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски