Треневски: Тре Пене е од Сан Марино, но не значи дека ќе биде лесно

Од:

Работнички го доби Тре Пене, претставникот од Сан Марино, за прв противник во квалификациите за Лигата на Европа. Во првиот меч составот на Виктор Треневски ќе биде домаќин, а потоа ќе игра и на гости во Сан Марино.

Шефот на стручниот штаб е задоволен од ждребот, но нагласува дека нема никакво опуштање, туку напротив, тимот треба максимално да се подготви за првото европско искушение.

– Тре Пене беше еден од посакуваните противници. Можеби сакавме да ја избегнеме единствено Зета. Го добивме Тре Пене за ривал, претставник од Сан Марино, но тоа не значи и дека не очекуваат супер-лесни натпревари. Ќе се подготвиме сериозно и секако дека сме фаворити, како што впрочем Работнички беше и носител според рејтингот пред денешниот ждреб во Нион. Но, ќе им напоменам добро и на фудбалерите. Ние најмногу се мачевме во првенството на тие, условно, полесни натпревари за играње, вели тренерот Виктор Треневски.

Работнички вчера го одигра првиот пријателски натпревар на летните подготовки во Словенија против албанскиот тим Скендербег, а за два дена го очекува и „генералката“ против хрватскиот првак Риека.

Би можело да ве интересира

Работнички се раздели со Седлоски, веднаш го именуваше Станиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска