Пиперки полнети со омлет

Од:

Интересен начин на подготовка на полнети пиперки …

Потребно е:
8 пиперки
1/2 чаша изрендано моцарела сирење
3 парчиња шунка исецкана на коцки
1 лажица маслиново масло
2 јајца
2 лажици млеко
сол, бибер

Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 230 целзиусови степени.

– Пиперките измијте ги и извадете им ги петелките.

– Во подлабока тава за печење наредете ги пиперките.

– Во еден сад измешајте ги убаво јајцата со млекото, па потоа додадете го сирењето, шунката сол и бибер. Со оваа смеса наполнете ги пиперките.

– Тавата со пиперките ставете ја да се пече во рерна 10 до 15 минути, односно додека не се испечат јајцата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска