ОН: Ширум светот раселени 65,6 милиони луѓе

Од:

Рекордни 65,6 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови до крајот на 2016 година поради судири, насилство и прогон во места како што се Сирија и Јужен Судан, соопштија денеска Обединетите нации.

Оваа бројка претставува скок од 300 илјади раселени луѓе од крајот на 2015 година, но е за шест милиони поголема од крајот на 2014 година, се навеудва во извештајот на УНХЦР.

– Ова е најголема бројка откако правиме статистики, изјави пред новинарите пред поднесувањето на извештајот шефот на УНХЦР, Филипо Гранди.

– Според сите мерила ова е неприфатлива бројка, која сведочи погласно од кога и да е за потребата од солидарност и заедничка цел во превенција и решавање кризи, нагласи тој.

Бројката за раселените изнесена пред Светскиот ден на бегалци, кој се одбележува на 20 јуни, покажува дека 10,3 милиони луѓе ги напуштиле своите домови само во текот на минатата година, вклучувајќи 3,4 милиони луѓе, кои ги минале меѓународните граници како бегалци.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он