Ирак: Протерана ИД од граничниот премин со Сирија

Од:

Ирачката војска и борците на сунитските племиња ја протераа Исламска држава од подрачјето на граничниот премин Ал Валид меѓу Ирак и Сирија, соопшти денеска ирачката војска.

Со протерувањето на ИД од подрачјето Ал Валид се отстранети екстремистите од непосредна близина на американската база, која се наоѓа од другата страна на границата.

Во операцијата за протерување учествувале ирачките воени воздухопловни сили и воздухопловните сили на коалицијата, која ја предводат САД, се наведува во соопштението.

Ал Валид е во близина на Ат Тафна, стратешки важен граничен премин меѓу Сирија и Ирак на автопатот Багдад-Дамаск, каде силите на САД им пружале помош на сириските бунтовници да ја преземат територијата од ИД.

Силите на САД се наоѓаат во базата Ал Танф од минатата година, каде се обидуваат да ги спречат силите, кои ги поддржува Иран, а кои го поддржуваат претседател Башар ал Асад, да добиваат тешко вооружување од Иран, користејќи го главниот автопат меѓу Ирак и Сирија.

Вмешаноста на силите на сунитските племиња во операцијата е уште еден знак дека Иран нема да има можност да го користи автопатот.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка