Претседателот на Парламентот Џафери со италијанскиот амбасадор Ромео

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Република Македонија, Карло Ромео со кого разговарале за настаните во Собранието.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери го информирал амбасадорот за последните настани во Собранието на Република Македонија, во врска со формирањето на работните тела, Комитетот за меѓуетнички односи, постојаните делегации и пратенички групи за билатерална соработка со другите парламенти, со што, се наведува, ќе се овозможи Законодавниот дом да работи со потполна функционалност и со одговорност да ги извршува своите задачи на национално и меѓународно ниво.

Меѓу друго, се додава, Џафери потенцираше дека Собранието ќе биде транспарентно, со што седниците ќе може да бидат следени од страна на јавноста со можност за пријавување на заинтересираните граѓани на веб-страницата на Собранието на Република Македонија.

Соговорниците разговарале и за политичката ситуација во земјата, и за настаните на 27 април при што амбасадорот Ромео, се посочува, истакна дека тоа што се случи е многу сериозно и истовремено е повреда на демократијата и народот.

Џафери, пак, подвлекол дека немилите настани треба да се остават во минатото, и да служат како историско паметење и поттик за новите генерации да гледаат напред и да се фокусираат кон подобрата заедничка иднина на земјата.

– Во текот на разговорот беше укажано дека во овој период на транзиција е од особена важност соработката и конструктивното вклучување на опозицијата, чија поддршка е добредојдена за спроведување на реформите кои се во корист на сите граѓани на Република Македонија. Во оваа насока, претседателот Џафери ја истакна важноста на воспоставување на комуникација меѓу сите пратеници и да се почитува и спроведува Деловникот за работа на Собранието, се вели во соопштението.

Италијанскиот амбасадор потенцирал дека Италија ја поддржува Република Македонија од нејзината независнот во континуитет, и ќе ѝ пружа институционална поддршка на нејзините аспирации за зачленување во Европската унија и НАТО.

На средбата, амбасадорот Ромео му ја честитал новата функција на претседателот на Парламентот Џафери и му ја врачил честитката упатена од страна на претседателот на италијанскиот Сенат. Џафери во разговорот изразил подготвеност за понатамошно продлабочување на заемна соработка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот