Браковите во Холивуд лесно се склопуваат и растураат, но мислевме дека овој пар е еден редок исклучок, чиј брак трае цели 16 години.
Американските медиуми пишуваат дека легендарниот актер од вестерн филмовите се скарал со 47-годишната сопруга Дина Руиз бидејќи таа поминувала премалку време дома.
82-годишниот Клинт на својата сопруга новинарка и замерува што станала менаџерка на бендот „Overtone“, поради што многу често патува во Јужноафриканската Република. Неодамна почнала и да ги води вестите на NBC станицата во Монтереј во Калифорнија, бидејќи новинарската работа многу и недостасувала.
На Клинт му пречи и тоа што во нејзиното реалити шоу „ Mrs. Eastwood & Company“ изнесува и детали од нивниот заеднички живот и благодарение на тоа добива публицитет.
Поради сиве овие причини се иселил од заедничката холивудска вила, но не се знае дали парот и службено ќе се разведе или ова е само криза во бракот. Тие двајцата се запознале во 1993-тата година, а во брак се веќе 16 години.