ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозовски и СДС работат спротивно од она што јавно го ветуваа пред граѓаните

Од:

„Владата на СДС не е реформска туку антиреформска. Еден од првите проекти на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, не е некоја нова инвестиција во културата, ниту пак некоја нова театарска претстава, туку доследно спроведување на политиката на Заев за бркање на луѓе од работа.

Алаѓозовски исто како Заев пред камери зборува едно, а во министерството работи сосема друго, тој вчера во дебатна емисија пред целата јавноста рече дека од министерката Елизабета Канческа-Милевска наследил професионален тим, со кој професионален тим одлично соработувал, а пред само неколку дена ги раскинал договорите за вработување на тројца вработени од министерството, без никакво објаснување.

Алаѓозовски и СДС работат спротивно од она што јавно го ветуваа пред граѓаните за време на изборната кампања, дека нема да вршат притисок врз вработените во администрацијата, дека ќе го почитуваат на професионалниот кадар во администрацијата и дека нема да бркаат од работа.

СДС не издржа ни 10 дена власт пред да си го покаже вистинското лице, бркањата на административците од работа, најавено од страна на Заев уште во Валандово, по принципот сите ќе ги избркаме и ќе влеземе тимски од чистачка до министер, почна со реализација и тоа е евидентно!

Ова е вистинското лице на СДС кое го знаеме од минатото, уривањето, блокирањето, застоите на државните и општествени текови и процеси се нивна главна одлика, бркањето на луѓе од работа, за на нивно место да инсталираат свои партиски послушници и потрчковци е нивна карактерна особина.

Граѓаните од СДС очекуваа покачување на плати и поголем стандард за сега да добијат реваншизам и бркање од работа.

Граѓаните можат да видат дека Заев под превезот реформи и живот, мислел на реформи и живот за тесното раководство на СДС и луѓето блиски до нив“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се бориме за нашиот дом, со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта

Ливриниќ: Не ви нудам празни зборови и нови лаги, затоа што тоа го слушаме повеќе од три децении

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?

Филипче: Парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта