Нобеловата фондација одлучи да ја намали вредноста на шесте Нобелови награди за 20 отсто од 1,4 на 1,1 милиони долари, за да го избегне намалување на капиталот на организацијата во долгорочна перспектива.
Во изминатите години организацијата имаше проблеми со вкупната сума на наградите и расходите и поради тоа, тие имаат намера да преземат и други економски мерки за да се оптимизира капиталот.