Богатство на бои и вкусови …
Потребно е:
350 гр шампињони
2 страка праз (само белиот дел)
1/2 лажиче коријандер во прав
1/2 лажиче кумин во прав
1/2 лажиче мелена црвена пиперка
1 лажиче куркума во прав
400 мл кокосово млеко
400 мл зеленчукова супа
250 гр сварени леблебии
2 поголеми китки блитва
Подготовка:
– Шампињоните убаво измијте ги, исечете ги на тенки листови и пропржете ги во тава на рингла на 2 лажици маслиново масло додека да испари течноста што ќе ја пуштат.
– Додадете го празот исецкан на полумесечинки, малку посолете и пржете уште околу 5 минути.
– Додадете ги зачините – коријандер, кумин, мелена пиперка и куркума, измешајте и пржете уште околу 1 минута.
– Потоа сипете го млекото од кокос и супата од зеленчук, додадете ги леблебиите и варете полупоклопено, на умерена температура околу 15 минути.
– Блитвата исечете ја на ленти и додадете ја во тенџерето. Измешајте, поклопете и варете околу 5 минути. Пробајте ја чорбата и по потреба зачинете ја со сол и бибер по вкус.
– Сервирајте ја топла.