ВМРО-ДПМНЕ: Изборот Арта Точи да биде заменик шеф на дипломатијата е скандалозен

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека изборот Арта Точи да биде избрана за заменик-министерка за надворешни работи е скандалозен и ризичен за државата.

Владимир Нелоски на прес-конференција рече дека оспорувањето на актуелните граници и мечтаењето по големи држави од страна на вакви државни функционери може да влијае на нарушувањето на односите на Република Македонија со соседите.

– Предложената Арта Точи е автор на трудот „Границите како мит“ во кој пишува околу конференцијата во Лондон одржана 1913 година каде е донесена одлука за формирање на албанското кралство. Според неа делови од Албанија не биле вградени во нејзините административни граници. Во трудот Точи нагласува дека на Балканот границите имале поинакво значење и димензии и додава дека во тие околности границите биле линија на отуѓување на еден јазик и еден народ со кои се создале приказни со многу болка и одделеност, посочи Нелоски.

Тој побара премиерот Зоран Заев да ја преиспита одлуката за назначување на Точи за заменик-министер за надворешни работи, а во спротивно, како што рече, ќе биде одговорен директно одговорен за сите скандали и пропусти кои би се случиле во иднина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски