Жителите кои живеат во близина на вулканот Тунгурахуа во Еквадор се евакуирани поради голема ерупција.
Во изминатите неколку часа, пепел и прав почнаа да паѓаат во околните села и се слушнале три експлозии. Тука е вклучен и туристичкиот град Банос.
Лавата за време на ерупцијата, „летала” до еден километар во воздухот над кратерот. Превод на името на вулканот значи „грлото на огнот”, а последен пат бил активен минатата година.