Шри Ланка донесе одлука, која нема многу да им се допаѓа на туристите

Од:

Според новите законски одредби, кои ги издејствувала Железницата на Шри Ланка, сите туристи, кои ќе сакаат да направат селфи на железничка пруга ќе бидат уапсени.

Одлуката е донесена по смртта на 12-годишно момче и неговиот 24-годишен брат, кои пред возот во движење се обиделе да направат селфи.

Инцидентот се случил во главниот град Коломбо.

Истата недела штотуку венчан пар застанал на шините со намера да се слика, кога наишол воз. Младата жена и натаму се наоѓа а интензивна нега.

– Од почетокот на годината до јуни овој тренд однел дури 28 животи, изјави портпаролот на железницата.

Земја, со рекорден број смртни случаи, предизвикани од селфи е Индија, во која во период од две години настрадале 76 луѓе.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска