„Состојбата со Музејот на Македонија, објект од историско и културно значење за граѓаните на Р.Македонија кој е целосно запуштен и руиниран со срушени плафони и мувлосани ѕидови, најдобро говори за тоа во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ ги остави институциите и државата и како се однесуваше кон културното и историското наследство.
Со ова уште еднаш се потврдува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите граѓаните на Р. Македонија. Додека преку криминалните тендери за градење на лажен барок и споменици ги крадеа и трошеа парите на граѓаните, значајните културни институции и градбите од историско и културно значење беа занемарени и оставани да скапуваат и да се распаѓаат.
Новата Влада предводена од СДСМ ќе ги поправи сите штети што ВМРО-ДПМНЕ им ги направи на граѓаните и државата изминативе 11 години, а посебен акцент ќе се стави на заштитата на објектите од културно и историско значење за граѓаните на Р.Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.