Кумуцакос: Останува политиката од Букурешт

Од:

Билатералните односи меѓу Македонија и Грција и нивната иднина беа во фокусот на разговорите на средбата што македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров вчера ја имеше со Јоргос Кумуцакос, кој е одговорен за надворешна политика во најголемата опозициска партија Нова демократија.

Кумуцакос по срдбата изјави дека со Димитров имале интересна дисксија во многу добра атмосфера. Според него, „позитивно е тоа што новата Влада во Скопје испраќа порака на умереност, поконструктивна порака, попродуктивна од она на што е научена Грција во минатото“.

– Тоа е добро. Добро е за атмосферата во нашите билатерални односи. За сите прашања кои не засегаат. Сепак, ова се однесува на амосферата. Суштината е нешто друго. Како ќе се формира суштината ќе видиме во следниот период, изјави Кумуцакос.

Тој уште еднаш повтори дека е потребно взаемно прифатливо решение за прашањето за името.

– Веруваме дека тоа може да се случи за брзо време ако постои вистинска позитивна политичка волја. Токму затоа што веруваме дека има потреба од взаемно прифатливо решение, сметаме дека политиката од Букурешт, која беше изразена со едногласна одлука на НАТО, останува силна, исткна Кумуцакос.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани