Димовски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остануваат „независни пратеници“

Од:

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да не го прекршува Деловникот на Собранието и да им даде збор на пратениците од неговата партија бидејќи тие биле „независни пратеници“.

Според него, до моментот кога сите 51 пратеник ќе поднесат документ до претседателот на Собранието дека се пратеничка група, сите можат да бараат процедурално збор, а Џафери морал да им го удоволи тоа веднаш.

Димовски истакна дека немаат намера да бидат деструктивни, напротив, дека ќе работат конструктивно, но морало да се почитува Деловникот бидејќи со брзањето да се изберат заменици министри парламентарното мнозинство ќе станело „гласачка машинерија“.

– Најмалку за еден поранешен наш колега ќе се изјасниме позитивно, меѓутоа вие брзате и во 1:40 по полноќ испраќате барања за седница до Собранието. Никој не ме извести мене дека имате намера да го правите ова. Вие сте 62, имајте во предвид дека други 58 не се со вас, рече Димовски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ