Чантата „Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin 30“ е продадена за рекордна сума, со што е соборен минатогодишниот рекорд, кога идентичната чанта е продадена по цена од 2.32 милиони долари.
Само една или две вакви чанти се креираат на годишно ниво, со што претставуваат најретки во светот.
Рачно изработената чанта е дефинитивно најпосакуваниот предмет што постои, а кога е декорирана со дијаманти и бело злато, тогаш таа едноставно нема конкуренција.