Заев: Постојат три варијанти за продолжување на мандатот на СЈО

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска укажа на варијантите за укинување на лимитот за поднесување обвинителни акти од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и најави дека ќе стори се во рамки на неговите надлежности ова обвинителство, како што изјави, да ја заврши работата за која што е основано.

– Постојат начини, тоа е Парламентот преку две третини, постои можност Уставниот суд да ги разгледа можностите, постои можност за инкорпорирање на СЈО како посебно одделение во државното Јавно обвинителство, а постојат и други алтернативи верувам. Знам дека ќе сторам се во делокругот на моите надлежности СЈО да ја заврши работата за која што е основано избрано и потврдено со консензус во РМ, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по исказот во СЈО за случајот „Таргет“.

Коментарот за опфатеноста на истрагите, како што рече Заев, треба да го даде СЈО. Законот, потенцира, мора да важи еднакво за сите. – Тоа значи ако Зоран Заев е индикативен и за него постојат сомневања, докази и индиции треба да биде отворена истрага. Против кој било член на СДСМ, која било опозициска партија, а согласно тоа и против секој што индикативно е поставен во делот на можно кршење на Законот, треба да се отвори истрага, рече Заев.

Премиерот смета дека наследникот на државниот Јавен обвинител Марко Зврлевски треба да биде експерт, во кој доверба ќе имаат граѓаните, а не политичарите или новинарите.

– Мој личен став е, а на Влада се уште немаме разговарано за ова прашање, како прв меѓу еднаквите во Владата, дека државниот Јавен обвинител треба да биде експерт кому ќе му веруваат сите граѓани. Не ние политичарите, не вие новинарите, туку граѓаните на Република Македонија во него да гледаат експертска поставеност во заштита на Уставот и законите на Македонија, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со одлуката на Советот за јавни обвинители за прифаќање на барањето на Владата за разрешување на Зврлевски.

Тој рече дека доколку одлуката на Советот на јавни обинители е конечна и тој позитивно се изјаснил за барањето за разрешување на јавниот обвинител Зврлевски, постапката треба да продолжи пред Парламентот на РМ.

– Доколку Парламентот на РМ донесе одлука за разрешување на државниот јавен обвинител ведаш сме подготвени како Влада да отпочнеме постапка за предлог до Советот на јавни обвинители за мислење на нов државен јавен обвинител, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање Заев рече дека се многу важни процесите кои престојат за реформи во Управата за безбедност и контраразузунавање.

– Јас она што досега го знам во она коешто претставува потреба од професионалност и експертност и господинот Верушевски ги исполнува сите овие критериуми. Не сум единствен којшто сакам да размислувам за ова прашање, рече Заев и истакна дека остава простор и за друго решение.

Верувам, додаде, дека ќе се изнајде решение одвнатре како експерт професионалец којшто пред се за мене, но и за граѓаните на РМ ќе биде соодветна гаранција дека реформите во УБК ќе бидат завршени успешно и да го доживеам денот да објавам за сите граѓани на РМ да кажам дека конечно во РМ повеќе не се прислушкува.

Како што информираше, на денешната седница на Владата Магдалена Несторовска е избрана за државен секретар во Министерството за внатрешни работи, на предлог на министерот за внатрешни работи. Други кадровски прашања немало освен констатацијата за престанувањето на мандатот на државните секретари кои биле досега, а донеле одлука да користат апанажа.

– Сите други државни секретари коишто одлучиле да се вратат на своите претходни позиции го направија тоа, што значи позиции на државни секретари во институциите на извршната власт се веќе ослободени, првото место е веќе пополнето. Сите останати државни секретари доаѓаат на предлог и на начин преку именување од страна на министерот на својот соодветен државен секретар во соодветното Министерство, рече Заев.

Договоривте ли заменици министри со коалиционите партнери?

Наведе дека се уште не се договорени замениците министри со коалициските партнери, но се надева денеска или најдоцна утре наутро тоа да биде утврдено, за да може што поскоро, ако може и утре да достави предлог до Парламентот.

Се очекува да има разговори со Коцијас за името, што се очекувањата?

Прашан за очекувањата во пресрет на посетата на министерот за надворешни работи Никола Димиотров на Атина и дали се очекува да има разговори за името Заев рече дека нема да се разговара за тоа, туку како да се унапредат мерките на доверба помеѓу двете држави.

– Како отприлика да се насочи пријателството, со тенденција на позачестени состаноци помеѓу високите раководства на Македонија и на Грција, вклучително и премиерите. Го очекуваме господинот Нимиц да ја посети и Македонија и Грција, со конечна цел да ги забрзаме ваквите процеси, притоа секако, нашиот став е јасен. Ставовите поврзани околу уставното име на Република Македонија ќе ги градиме во конзензус со опозицијата, а ќе бидат конечни на реферндум на кој ќе се изјаснат граѓаните, рече Заев.

Додаде дека надежта за подобрување на односите е заради тоа што, како што рече, испраќаме порака на нова иднина во делот на соработката помеѓу Македонија и Грција којашто ќе гарантира заедничка европска иднина, наместо заглавување во историјата како што беше досега.

– Првите разговори со премиерот Ципрас, првите мои разговори и со министерот Коѕијас, но и на нашиот министер за надворешни работи со Коѕијас навестуваат пријателски однос со конечна цел да побараме поддршка пред се од граѓаните на Грција преточена преку владејачките партии, преку опозициските партии, преку Владата на Грција, преку Парламентот на Грција да помогнат на Македонија во исчекорот на своите интеграции. А тоа е да ги ослободат процесите заради тоа што навистина процесот на преговорите има можност да тече, сакаме да изнајдеме решение на овој горчлив проблем, пред се за нас, граѓаните на Македонија и за нашата земја, но секако и да ги ослободиме интеграциите на државата, мислејќи на НАТО интеграцијата и отпочнувајќи преговори со Европската Унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески