Потребно е:
леб (француски багет)
маслиново масло
филети чаден лосос
крем сирење
капари
свежи копар или власец
Подготовка:
– Лебот исечете го на тенки парчиња, премачкајте ги со маслиново масло и кратко испечете ги во рерна или на грил тава.
– На загреана тава премачкана со малку масло испржете ги филетите лосос и тоа од секоја страна по 10 секунди.
– Потоа искинете ги на помали парчиња.
– Топлите парчиња леб премачкајте ги со крем сирење, ставете од парчињата лосос, капари и украсете со власец или копар.
– Послужете ги топли.