Шницли од ориз со сос од печурки (посно)

Од:

Нашата идеја за денешниот ручек …

Потребно е:
1 чаша (од 200 мл) ориз
2+2 лажици брашно
сол, бибер
масло
2 лажици суви печурки

Подготовка:
– Оризот исчистете го, измијте го и ставете го да се вари додека да испари целата течност. Сварениот ориз оставете да се излади и потоа измешајте го со 1 лажица брашно, малку сол и бибер.

– Од добиената смеса земајте парчиња и обликувајте ги како шницли. Секоја шницла увалкајте ја во брашно од сите страни.

– Во сад на рингла на загреано масло испржете ги шницлите.

– Направете го сосот од печурки. Убаво измијте ги печурките и ставете ги да се варат во солена вода додека да омекнат. Исечете ги на тенки ленти, малку пропржете ги на масло и 1 лажица брашно. Посолете ги по вкус.

– Шницлите од ориз наредете ги во чинија, одозгора прелијте ги со сосот од печурки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска