Владата ќе ги именува новите директори на УБК и БЈБ

Од:

Денеска на владина седница се очекува именувањето на новите директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР.

За Митко Чавков, досегашниот директор на БЈБ, предлог за разрешување поднесе поранешниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу, но тој во меѓувреме поднел барање за пензионирање.

Во извештајот на работната група на МВР за настаните во Собранието на 27 април, Чавков беше посочен како одговорен за настаните, бидејќи не извршил безбедносна проценка и не издал навремена наредба иако имал дојава, со што го овозможил упадот во законодавниот дом.

Денеска треба да биде разрешен и директорот на УБК Владимир Атанасовски, и на негово место да биде именуван нов.

На маса на Влада според коалициската распределба ќе се најдат и замениците министри. По утврдувањето, последниот збор го има Законодавниот дом.

Веќе е договорено ДУИ во новата влада да ги добие заменичките позиции во МВР, oдбрана, oбразование и финансии (Агим Нухиу, Беким Максути, Висар Ганиу и Ширете Елези).

Алијансата за Албанците ги поднесе предлозите за заменици министри во министерствата за надворешни работи, транспорт и врски и за труд и социјала (Арта Точи, Ремзи Мехмети и Елми Азири).

Денеска се очекува и именување на државни секретари по министерствата, владин портпарол, директори на јавни претпријатија.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски