ВИДЕО: Сите жители на едно место во САД мораат да се иселат

Од:

Растот на нивото на морето ги принуди жителите на еден американски град да се преселат, а експертите предупредуваат дека ова е само почеток.

Владата на САД ќе плати 48 милиони долари за да им помогне на жителите на Ајла Де Жан Шарл во Луизијана да се преселат, бидејќи ерозијата на брегот се заканува да го потопи целиот град.

Нивниот град од 1955 година изгуби повеќе од 90 отсто од својата територија поради продорот на морската вода и потопување на копното. Пропаднаа многу плантажи со овошје поради солената вода која го уништи земјиштето.

Жителите кои останале, а чија бројка сега изнесува само 60 имаа рок до 2022 година да се преселат, што на многумина тешко им паѓа, особено на припадниците на индијанските племиња.

– Ќе го изгубиме целото наше наследство, нашата култура, вели поглавицата Алберт Накин од Билокси Читимача Чокто. – Се ќе стане минато, додаде тој.

Поради климатските промени загрозено е уште едно мало место – Њуток во Алјаска, а преселувањето на тамошните жители ќе чини многу повеќе.

Една студијата спроведена минатата година покажа дека во најлошо сценарио ако нивото на морето се искачи за 1,8 метри до 2100 година, 13,1 милион Американци ќе ги изгубат своите домови.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска