„Денешната прес-конференција ја свикавме со една и единствена цел. Да се разобличат лагите и манипулциите на ВМРО ДПМНЕ. Да се разобличат гнасните лаги дека со Планот за буџетско штедење предложен од СДСМ и со амандманските решенија за подобрување на буџетот на Република Македонија, кои се во интересн на граѓаните на Република Македонија, нема да се исплаќаат плати, нема да се покачат пензиите , нема да има пари за корисниците на социјална помош, нема да се исплатат субвенциите на земјоделците.
Оваа гнасна лага и манипулација сакаме до крај да ја разобличиме.
И да не се донесе Буџетот на Република Македонија до 31.12 оваа година да се помине на времено финансирање до 31 Март 2013 година ќе се исплаќаат, повторувам уште еднаш ќе се исплаќаат редовно и платите на Јавната администрација, ќе се покачат пензиите, ќе се исплаќаат навреме и корисниците на социјална помош а исто така што е најважно во нашиот регион ќе има пари да се исплатат субвенциите на земјоделците.
Нема да има пари само за крадење! Нема да има пари за луксузот на Груевски и фамилијата. Нема да има пари од граѓаните кои бездушно и аздисано ќе се трошат на лудничави работи како што се жални врби, палми, барокни фасади, споменици и уште стотина глупости само на два квадртни километри во Скопје.
Скопје не е Македонија. Буџетот на Република Македонија треба подеднакво да биде распределен на сите граѓани на Република Македонија без разлика дали се од Скопје, Штип, Виница или Неготино.
СДСМ е одговорна партија која ги штити и секогаш ќе се грижи за сите граѓани на Република Македонија. Македонија повеќе нема да се задолжува со скапи кредити кои завршуваат во џебовите на Груевски и фамилијата, кредити кои ќе треба да ги враќаат многу бргу, сите граѓани на Република Македонија и нашите идни поколенија“, изјави Васко Стефанов, претседател на ОО СДСМ Неготино.