Делегација од општина Лесковац во работна посета на општина Кочани

Од:

Делегација од српската општина Лесковац, предводена од градоначалникот Горан Цветановиќ, денеска престојуваше во работна посета на Кочани каде што се сретна со градоначалникот Ратко Димитровски.

На средбата се разговарало околу размена на искуства за два проекта, за изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Кочани и регионална депонија за управување со цврст отпад во Источниот плански регион.

– Искуства што ги добивме од општина Лесковац ќе бидат драгоцени за нашиот град Кочани и целиот Источен регион бидејќи и ние како регион настапуваме како Источен плански регион за практична примена на тие нивни искуства во нашето работење во овој дел. Мислам дека оваа средба ќе влијае на тоа да имаме мошне добри пријателски и добри односи и соработка за реализација на овие два проекта, рече Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.

– Како пример за добра пракса и добро реализиран проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води се претставивме и во Австрија. Европската унија вложи милиони евра да се заврши таа фабрика кај нас. Истовремено имаме и депонија чиј ктитор е австриска компанија, така што овие искуства околу двата проекта тука сум да ги пренесам на вашиот градоначалник за да можете да ги завршите започнатите прокети, рече Горан Цветановиќ., градоналчаклник на Лесковац.

На средбата било договорено следен чекор за соработка меѓу двете општини да биде размената на искуства околу реализација на проекти од областа на кулурата и спортот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он