ВИДЕО: Иво Котевски и Горан Грујевски на распит во СЈО

Од:

Екс-началникот на Петтата Управа, Горан Грујевски и портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, моментално се на распит во Специјалното Јавно Обвинителство.

Пред влезот во СЈО, на прашање на новинарите до Котевски, кој е поводот за неговото присуство во СЈО, тој не даде одговор. Случајот „Талир“, се однесува на незаконско финансирање на партијата.

Во петокот на распит се појавија седуммина од осомничените, меѓу кои поранешниот генерален секретар на партијата, Емил Димитриев, пратеничката Даниела Рангелова, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Првоосомничен во случајот е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во петокот не се појави на распит бидејќи немал добиено уредно покана. Доколку не одговорат на поканата, обвинителите најавија дека ќе бараат од судот да издаде наредба за присилно приведување.

Би можело да ве интересира

Во Загреб уапсен, па ослободен екс разузнавачот Горан Грујевски

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска