ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Коѕијас не одат во прилог на добрососедските односи

Од:

Изјавите на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во кои се повторуваат црвените линии на Република Грција не одат во прилог на добрососедските односи. Со изјавата дека Република Македонија ќе може да стане членка на НАТО дури откако ќе се реши проблемот кој Грција го има со нашето име, Коѕијас не придонесува за надминување на проблемот. Напоменувањето дека Грција нема да потклекне под притисоците за зачленување на Република Македонија во НАТО под времената референца може да доведе до дополнително закопување на двете страни во сопствените ровови, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Коѕијас.

– Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО уште во 2008 година на самитот во Букурешт. Само заради непринципиелната блокада од страна на Република Грција во моментов Македонија не е членка на НАТО. Впрочем и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 2011 година, се потврди дека Грција ги прекршила одредбите од времената спогодба, ставајќи вето на влезот на Република Македонија во НАТО, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека процесот веднаш треба да се деблокира и да се исправат неправедните одлуки. Според партијата, Република Македонија заслужува да стане членка на НАТО што е можно побргу.

– Зоран Заев и новата Влада ветија на граѓаните дека многу бргу ќе ја внесат Република Македонија во НАТО и ЕУ. Зоран Заев и СДС мора да ги исполнат ветувањата токму како што беа дадени. Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО час поскоро, но притоа да не се задира во идентитетските прашања и да не се склучуваат договoри на штета на Македонскиот народ и држава, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот