На површина излегува заканата со забрана за носење на лаптопи во авиони

Од:

Економист – Лондон

Модерното патување со авиони во многу аспекти станува се понетолерантно. Седиштата во авионите се потесни, просторот за нозете е се покус, а просторот за багаж се помал. Но барем во еден начин нештата се подобрија. Порано, единствената забава на летовите беше гледање на комерцијален филм на оддалечен екран. Денес. патниците можат да патуваат со цела библиотека од филмови, музика или книги на мали електронски направи. Безжичната мрежа (вај-фај) во авионите значи дека бизнисмените можат и непречено да си работат.

Но, тоа можеби ќе се смени. На 28 мај, Џон Кели, американски државен секретар за внатрешна безбедност, рече дека владата размислува да ја прошири забраната за внесување на поголеми електронски направи во патничките кабини на сите меѓународни летови кон и од Америка. Во моментов, само патници кои доаѓаат од осум воглавно муслимански земји се присилени да ги сместат нивните лаптопи, таблети и слични направи во специјален простор.

Оваа идеја не падна сама од небо. Службени лица веќе со месеци навестуваат дека размислуваат да донесат ваква забрана. На почетокот на минатиот месец беа извесни вакви навестувања за забрани на летовите меѓу Европа и Америка, но тие се проширија по средбата на безбедносни претставници од двете страни на барата. Разузнавачките агенции се загрижени дека терористите можат да урнат комерцијален авион со бомба инсталирана во електронска направа и поставена блиску до некоја слаба точка до ѕидот на патничката кабина. (Затоа, ако случајно такви експлозиви случајно и минат низ контролите за безбедност, ќе биде многу побезбедно ако бидат ставени на посебно место).

– Терористите се „под опсесија“ со идејата да урнат од небото авион полн со Американци, рече Кели за Фокс њуз.

Нема индикации дали ваквите рестрикции ќе бидат итно воведени или само разгледувани од ИАТА, најголемата меѓународна авиопревозничка асоцијација, со надеж дека ќе бидат спречени со зголемување на проверката на патничкиот багаж и воведување на подобри технологии за откривање на бомби. Во ваквите околности, од ИАТА веруваат дека под поголем притисок со подолги редици пред безбедносните контроли кои ќе дојдат со овие мерки.

И авиокомпаниите го сакаат истото. Преку 200 милиони патници летале на меѓународните летови кон или од Америка во изминатите месеци од јуни 2016 година, велат последните бројки од Министерството за транспорт. Никој не знае колку патници ќе се откажат од летовите ако се воведе забраната за носење на електронски направи. Сепак, превозниците се загрижени дека чувствителните патници-бизнисмени, кои сакаат да бидат продуктивни додека летаат, ќе бидат најпогодени.

Тоа ќе биде лошо за профитите. На трансатланските летови, на пример, патниците во бизнис и прва класа пополнуваат 13 проценти од капацитетите на авиокомпаниите, но придонесуваат само со половина од профитите. Дури и ако директорите се согласат да ги заменат презентациите со детективски романи, тие често не се согласуваат да ги стават компујтерите во специјален простор одреден за тоа од страв дека ќе им бидат украдени или дека ќе загубат чувствителни информации, забележува Крис барат од Авсек, консултантска куќа за безбедноста во авиопревозот.

Авиопревозниците, пак, ќе наоѓаат начини како да ја заобиколат забраната. Катар ервејз, на пример, им изнајмува лаптопи на патниците во бизнис-класата за време на летовите уште од кога беа воведени рестрикциите за летовите од Блискиот осток. Можеби најголемата надеж е дека директорите ќе научат да живеат со оваа забрана, исто како со онаа 11 години старата за внесувањето на течности во патничката кабина, вели Џејсон Гил од Америкен експрес ЏБТ, агенција за корпоративни резервации на летови. Можеби. Но течноста за освежување на здивот не е толку круцијална за продуктивноста како што е лаптоп. Губитоците на авиопревозниците можат да станат добивка за Скајп.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска