СДСМ: Невработеноста ќе се намалува реално, а не декларативно, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ!

Од:

Невработеноста ќе се намалува реално и тоа ќе го чувствуваат сите граѓани, а не декларативно како што досега правеше ВМРО-ДПМНЕ, преку нарачани бројки од контролирани институции, бришење од евиденција на невработените лица и иселувањето на младото работоспособно население надвор од државата, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за намалувањето на невработеноста.

Оттаму додаваат дека е нелогично да се намалува стапката на невработеност во услови кога економијата стагнирала поради блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ на демократските процеси за формирање на новата Влада. Потребен е, велат од СДСМ, економски раст што ќе ги апсорбира новотворените работни места.

– Новата реформска Влада предводена од СДСМ има капацитет, знаење и умешност преку поддршка на домашните фирми и одговорно менаџирање со ресурсите што ги поседува земјата да обезбеди тој реален економски раст за реални работни места и вистински пад на невработеноста, се вели во соопштението од СДСМ.

Во него се додава дека заложбите на новата реформска Влада предводена од СДСМ се во насока на враќање на институциите во служба на граѓаните. Сите државни институции, истакнуваат од оваа партија, ќе работат транспарентно и објективно и ќе профункционираат во служба и интерес на граѓаните на Р. Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?