А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата на блиндираниот мерцедес покажува како СДС се грижи за државниот имот

by А1он10/06/2017 - 15:41371
Share0

„Состојбата во која што се наоѓа блиндираниот мерцедес најдобро покажува како СДС се грижи за државниот имот. Токму владиното мнозинство го води Министерството за внатрешни работи скоро цела година и нивна е одговорноста за состојбата во која што се наоѓа возилото.

Следете a1on на Instagram Instagram

Нивна е одговорноста дали во вакво возило би ги превезувале високите делегации кои би доаѓале во Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв, втор и трет степен безбедносни мерки.

Меѓу гостите кои досега го користеа мерцедесот се:
• Делегација – комесарот на ЕУ за проширување, Штефан Филе 17.9.2012 година;
• Делегација – претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ 26-28.10.2012 година;
• Делегација – премиерот на Република Србија, Ивица Дачиќ 22-28.1.2013 година;
• Делегација – претседателот на Република Словенија, Борут Пахор 16-17.7.2013 година;
• Делегација – претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ 4-5.9.2013 година;
• Делегација – претседателот на Република Полска, Бранислав Комодовски 10-11.9.2013 година;
• Делегација – заменик-претседателот на СР Виетнам, Нгуан Ти Доан 1-3.12.2013 година;
• Делегација – премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан 5.12.2013 година;
• Делегација – премиерот на Република Србија, Ивица Дачиќ 26.1.2014 година;
• Делегација – министерот за надворешни работи на Република Грција и претседавач на ЕУ, Евангелос Венизелос 19-20.2.2014 година;
• Делегација – генералниот секретар на НАТО, Андреас Фог Расмусен 22.5.2014 година;
• Делегација – претседателот на Собранието на Канада, Ендру Шер 31.8.-3.9.2014 година;
• Делегација – премиерот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ 9.9.2014 година;
• Делегација – премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу 22-23.12.2014 година.
• Делегација Претседател на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ 12-13.04.2016 година,
• Делегација Претседател на Република Чешка, Милош Заман 09-10.06.2016 година
• Делегација, Претседател на Република Србија, Томислав Николиќ 16.09.2016 година

Денешната прес конференција на Оливер Спасовски покажува дека СДС нема ниту идеја, ниту пак некоја реализација со која би се претставил на граѓаните.

Следете a1on на Youtube YouTube

СДС мора да глуми опозиција со надеж дека ќе го оттргне вниманието на граѓаните од ветувањата кои ги даваа пред избори.

Доколку СДС смета дека мерцедесот е непотребен, може да го продаде. Ваквите возила не губат на вредност доколку се добро одржувани.

ВМРО-ДПМНЕ додека раководеше со МВР имаше со што да излезе пред јавноста, затоа што беа реализирани стотици проекти кои значеа подобрување на условите за работа на полициските службеници што резултираше со зголемена ефикасност и десетици успешни акции за сузбивање на криминалот.

Изминативе 10 години ВМРО-ДПМНЕ за потребите на полицијата набави: 250 нови возила во полициска изведба Шкода – Јети и Шевролет – Спарк, беа набавени уште 300 други возила, 4 хелихоптери, три теренски возила за потребите на Одделот за информатика и телекомуникации, две специјални возила цистерни наменети за интервенции при нарушување на јавен ред и мир, скутери за сообраќајната полиција. Набавени се нови интервентни возила за потребите на полициските станици, интервентни оклопни возила за потребите на посебните полициски единици, како и посебни возила за превоз на единицата за службени кучиња. Реновирани се десетици полициски станици, а од темел целосно се изградени и нови. Набавени се нови форензички лаборатории, а од затекнатите 400 компјутери во 2006 година МВР го зголеми бројот за десет пати повеќе. Покрај несогласувањата на СДС донесен е нов Закон за внатрешни работи и на полициските службеници им се овозможени подобри услови за пензионирање и повисоки плати преку процесот на усогласување.

Реализацијата на овие, но и на многу други проекти придонесе за реализација на стотици успешни акции со кои македонската полиција се профилираше како релевантен меѓународен партнер. Запленувањето на рекордно количество кокаин, операциите Диригент (Франкфурт мафија), Босфор, Планинска бура, Пепел и низа други се само показател за капацитети на полицијата кои беа изградени во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните од СДС очекуваат проекти кои ќе го подобрат стандардот, а не празни прес конференции со кои би се одвлекло вниманието од исполнување на ветувањата. Граѓаните паметат дека прва работа што ја направи Оливер Спасовски при неговиот влез во МВР е битката за пронаоѓање и присвојување на луксузните возила. Граѓаните не очекуваат лажна скромност и лицемерие од СДС, туку работа“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Оливер Спасовски.

dpmne

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 09:30

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 12:50

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 12:5925/05/2026 - 12:59

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Катерина Ѓуровски21/05/2026 - 12:15

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Катерина Ѓуровски17/05/2026 - 10:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто