Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со рускиот колега Владимир Путин за време на својата посета на Европа, која е предвидена за следниот месец, јави агенцијата Блумберг.
Според агенцијата, анонимен американски висок претставник изјавил дека Трамп планира да се сретне со Путин „за неколку недели за време на неговото патување во Европа“, каде планира да учествува на самитот на „Иницијативата на трите мориња“ во Полска и на средбата на врвот на Г-20 во Германија.
– Посетата на Полска ќе ја потврди целосната приврзаност на Америка кон една од нашите најблиски европски сојузнички и ќе го потенцира приоритетот на администрацијата за јакнење на колективната одбрана на НАТО, соопшти Белата куќа.