Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е загрижена поради ситуацијата околу Катар, додавајќи дека сите земји од Заливот, а исто така и Иран и Турција, треба да работат заедно со цел да се најде решение за регионалниот спор.
Меркел на заедничка прес-конференција во Мексико Сити со претседателот Енрике Пења Кието нагласи дека решавањето на ситуацијата ќе биде невозможна доколку не се вклучат сите регионални сили, потенцирајќи ги Иран, Турција и Катар.
Таа исто така додаде дека Германија е подготвена за преговорите за Брегзит, кои според британската премиерка Тереза Меј треба да почнат на 19 јуни. Меркел претпоставува дека Британија ќе се придржува до планот за преговори по неочекуваните изборни резултати на кои Конзервативната партија на Меј го загуби парламентарното мнозинство.
Германската канцеларка истакна дека Велика Британија независно од Брегзит и понатаму ќе биде дел од Европа, изразувајќи желба дека земјата ќе остане добар партнер.