СДСМ: Екстерното тестирање беше една од најголемите антиреформи

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Екстерното тестирање ќе остане забележано како една од најголемите антиреформски мерки спроведена од ВМРО-ДПМНЕ. Екстерното тестирање правеше само штети и се користеше за казнување и за вршење притисоци на наставниците, а поради тоа од стрес страдаа децата, родителите и наставниците.

Преку избрзани, гломазни и нефункционални проекти кои беа на штета на учениците, наставниците и родителите, ВМРО-ДПМНЕ го урниса образовниот систем. Доказ за тоа се и дел од учебнциите кои содржат нелогичности и катастрофални грешки во содржините, како и ПИСА тестирањето, каде што поради лошиот образовен систем, учениците од Македонија имаат едни од најлошите резултати по писменост во светски рамки.

Новата Влада предводена од СДСМ, ќе изгради образовен систем по успешни европски практики во соработка со сите засегнати страни.

Наместо насилно наметнување на несоодветни експерименти како Кембрич програмата и екстерното тестирање, сите идни мерки ќе се носат преку јавна дебата со сите засегнати страни, а реформите ќе бидат исклучиво во интерес на наставниците, професорите , учениците и нивните родители“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски