Центарот за јавно здравје од Охрид за денеска од 21 часот до шест часот наутро најави дека ќе врши дезинсекција за уништување комарци во општина Дебар.
– Дезинсекцијата за уништување на комарци ќе се врши теренски (од земја) со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крабрежјето на Дебарското Езеро, депонииите и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останати локалитети предвидени со планот и програмата, информира Центарот за јавно здравје Охрид.
Оттаму апелираат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.