МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Од:

Министерството за труд и социјална политика на 30.5.2017 година изврши исплата на повеќе права од социјална и детска заштита.

Имено, извршена е исплата на следните права: правото на мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, социјално домување, парична помош за згрижувач, парична помош за студирање, детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче, еднократна парична помош, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете и единствен родителски додаток.​

Во тек е и до крај на денот целосно ќе бидат исплатени и корисниците на социјална парична помош, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, како и субвенциите за електрична енергија за месец 04/2017 година.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска