СДСМ: Проектите на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата се симбол за криминал

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Новата реформска Влада предводена од СДСМ сериозно ќе се зафати со изградба на нови и реконструкција на веќе постоечките автопати, магистрални и регионални патишта. За таа цел, предвидени се инвестиции од 600 милиони евра во првите две години од мандатот.

Граѓаните веќе ги чувствуваат промените што ги носи новата Влада, која посветено работи на реформските процеси и решавање на напластените проблеми што зад себе ги остави 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Проектите на ВМРО-ДПМНЕ во патната инфраструктура се симбол за криминал, корупција и несовесно работење. Таков е примерот за автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево –Охрид за кои се отворени истраги во Специјалното јавно обвинителство, како и отвореното обвинение за проневера и перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, случај кој го истражуваше и Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ.

Времето на ваквите криминални тендери и потстапки заврши. Новата реформска Влада предовдена од СДСМ посветено и отчетно ќе работи на спроведување на реформите кои ќе донесат нови патишта, повисоки плати и нови работни места, но ќе донесат и правна држава, а ќе има и одговорност за сите злоупотреби на парите на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он