Венеција кажа „не“ за изградбата на нови хотели

Од:

Во обидот да го ограничи големиот број туристи, Венеција ги разгледува мерките за забрана на отварање нови хотели во историскиот центар на градот.

Познатите гондоли, неверојатната архитектура и одличната храна секоја година ги привлекува туристите во Венеција во огромен број, а како резултат на тоа е забалежано намалување на бројот на постојаните жители во историскиот центар на градот.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунјаро неодамна го одобри предлогот на секретарот за урбанистичко планирање, Масимилијан де Мартин за забрана за отворање нови сместувачки капацитети во стариот дел на градот. Во моментов постои можност за сместување на 47.000 посетители.

Де Мартин наведува дека новите мерки се донесуваат за да се запре праксата големите хотелски компани да ги преземаат старите резиденцијални објекти на штета на локалното население, со што „осиромашува социјалното ткиво на градот“.

Големиот број посетители придонесуваат за вртоглаво зголемување на цената што влијае и на киријата, која ја плаќа локалното население, но и придонесува за раст на синиот криминал и вандализмот.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска