ВМРО-ДПМНЕ: Нашата Влада беше прва која успеа да ја приближи државата до ЕУ и НАТО

Од:

Граѓаните од Зоран Заев очекуваат да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО без да задира во идентитетските прашања и без да прави штетни договори на грбот на македонскиот народ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое владејачката партија порача дека новата влада ги отвора евроатлантските перспективи кои претходната влада ги блокирала.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше прва Влада во Република Македонија која успеа да ја приближи државата до конечната цел – станување полноправен член на ЕУ и НАТО. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби целосна препорака за отпочнување преговори за членство во ЕУ во 2009 година и беше пред портите на НАТО на самитот во 2008 година, кога од општопознати причини остана надвор од структурите на организацијата, иако ги има исполнето сите критериуми за влез, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува дека Република Македонија свртила нов лист во своето европско поглавје со добивање на визната либерализација од ЕУ во 2009 година која, како што додава, беше дадена благодарение на реформите кои Владата ги спроведе во сферата на граничната контрола, царината и безбедноста.

– Визната либерализација овозможи македонските граѓани слободно и непречено да патуваат во земјите членки на ЕУ и Шенген зоната. Огромна придобивка за граѓаните кои пред тоа по неколку месеци и во редици чекаа пред амбасадите на овие држави, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски