Презентација на вториот квартален извештај на ДЗР

Од:

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ќе го презентира вториот квартален извештај кој е подготвен во рамки на проектот „Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“, а имплементиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD), Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Институтот за комуникациски студии (ИКС), со поддшка од Британската амбасада во Скопје.

Од наодите на ДЗР кои ќе бидат презентирани, меѓу другото се и извршените планирани ревизии на регуларност и успешност предвидени со Годишната програма за работа на ДЗР за 2016 година. Ќе бидат презентирани и впечатоците на субјектите на ревизија кои според ДЗР се задоволни од соработката со нив за кои сметаат дека со спроведувањето ревизија, ДЗР помага во подобрувањето на работењето на институцијата…

Вториот квартален извештај ја опфаќа работата на ДЗР во периодот од јануари до март 2017 година, а се однесува на неколку аспекти и тоа на транспарентност на ДЗР, перцепција на субјектите на ревизија, медиумите и општата јавност за транспарентноста на ДЗР, резултати од работата на ДЗР и правна релација помеѓу ДЗР и Собранието на РМ.

Би можело да ве интересира

ДЗР: ЈСП не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

ДЗР: Власта одвојува многу малку пари за судството

ДЗР: Додаток за прилагодување на пазар на труд не се исплаќа во ниту една државна институција

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

A1on

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

A1on