ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат СДСМ да го исполни ветеното

Од:

Наместо да започне да работи на реализирање на ветувањата што ги даде на граѓаните, СДСМ работи на креирање на лажни вести со цел граѓаните да заборават на нивните ветувања, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите.

– СДС наместо да започне да работи на стратегија како да привлече странски инвестиции тие работат на стратегија како да се оцрни раководството на ВМРО-ДПМНЕ. На своите први седници наместо да се погрижи за обезбедување на подобри услови на граѓаните преку носење одлука на покачување на плати и пензии како тие што ветија, СДС сепак се одлучи да донесе одлука за разрешување на републичкиот јавен обвинител, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се посочува дека граѓаните од СДСМ очекуваат да ги исполни ветувањата за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, а на лекарите плата од 100.000 денари, изградба на нови 500 километри автопат,…

– Граѓаните од Заев не очекуваат лаги и манипулации, туку исполнување на ветеното членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО без да се задира во идентитетски прашања. Уште првите денови граѓаните видоа колку вреди зборот на СДС и нивниот претседател Зоран Заев, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад