Фудбал У-18 години: Македонија поразена од Словачка

Од:

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години беше минимално поразена од Словачка во првиот од двата контролни натпревара кои се играат во Скопје.

На средбата одиграна на тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ загубија од врсниците од Словачка со 1-0.

Првото полувреме мина со отворена игра и неколку добри ситуации пред двата гола, меѓутоа реализацијата изостана. Најзрелата можност за „црвено-жолтите“ ја имаше Кристијан Трапановски во последните минути од првото полувреме.

Во продолжението од средбата репрезентацијата на Словачка постигна погодок кој беше одлучувачки на овој натпревар. Стрелецот на голот беше Доминик Гулаж.

И во вториот дел репрезентацијата предводена од Вујадин Станојковиќ имаше свои шанси, но истите не беа искористени.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска