Промовиран универзитетски учебник за управување со кризи

Од:

„Управувањето со кризи – меѓу теоријата и практиката“ е насловен универзитетскиот учебник кој е резултат на заедничка работа на универзитетски професори и научни работници од Белград, Сараево, Загреб и Скопје.

Професорите Желимир Кешетовиќ, Неџат Корајлиќ, Иван Тотх и Марјан Ѓуровски се автори на учебникот. Беше промовиран на осмата меѓународна научна конференција „Безбедносни концепти и политики – новата генерација на ризици и закани“ која се одржа во Охрид.

– Учебникот во иднина може да се користи како научно и образовно упатство на различни академски и други институции од безбедноста, од локално, државно, регионално до меѓународно ниво, како и други структури кои имаат институционален и вонинституционален карактер, а кој на поголем или помал начин кореспондираат или како објект или како субјект на она што го именуваме како криза и одговор на кризата, вклучувајќи го и нивното управување, нагласи еден од авторите – професор Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје.

„Управувањето со кризи меѓу теоријата и практиката“ се препорачува за читање и користење како основен учебник за студенти од прв циклус, воедно и за студентите од втор и трет циклус на студии, како и за користење од екипи на научноистражувачки проекти во научните области на управувањето со кризи и безбедноста. Книгата може да послужи и како корисна алатка за менаџирање на кризите од страна на институциите од системот за безбедност на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците