Едно нешто е јасно, а тоа е дека должничката криза во Италија, третиот најголем должник во светот ќе направи кризата во Грција да изледа како детска играчка, пишува германскиот весник „Велт“ во денешната статија.
Според весникот Италија е со долг од два трилиона евра. – Таков долг нема ниту една друга земја од еврозоната, а пазарите стануваат се „понервозни“. Економиите дури заговараат излегување на земјата од еврозоната, наведува весникот.
„Велт“ цитира експертски извештај на италијанската Медиобанка, според која износот на италијанскиот долг е налик на тој на Грција.
– Има сепак две фундаментални разлики. Италија навикнала да живее со долгови, а повеќето кредитори се самите нејзини граѓани и банките. Италијанскиот долг е непостојан и во моментот земјата доплжи 2,3 трилиони евра, односно нејзиниот долг изнесува 133 отсто од БДП, додава „Велт“.