Ракометарите на Вардар, европските шампиони пристигна на плоштадот „Македонија“, во центарот на Скопје.
Европскиот шампион од аеродромот „Александар Велики“ па се до Порта Македонија беше следен од илјадници возила во кои беа навивачите кои први ги дочекаа своите херои.
Колоната возила на чие чело беа новите европски шампиони беше поздравувана од многу граѓани кои излегоа на улиците, беа на мостовите, на терасите на зградите, на градежни објекти, истакнувајќи македонски знамиња и знамиња со боите на Вардар, црвено-црни.
Виктор Јованов